Сигурен пример за убава преодна сезона даваат од Prabal Gurung со својата кампања за pre-fall 2015 година.
Трендовите според модната куќа преминуваат своевидно преуредување од летните пастелни нијанси кон заситени.
Фееричните фустани се заменети од густи материјали, но задржуваат чувство на преодниот период.
Клучниот збор во колекцијата е дефинитивно принт – во секој негов аспект.Црната основа на облеката нагласува смели комбинации од црвено и бело.Храброста во изгледот се карактеризира со шеми на обемни полка точки, флорални елементи и геометриски форми.
Кај силуетата, повторно се задржува женственоста и романтиката – високите јаки алудираат за трудољубивост и една идеја за построг дрескод, позајмена од канцеларискиот дизајн.
V-twin деколтеата маркираат со своето присуство како фустани и блузи, така и палта. Споредба помеѓу волуменските цвеќиња и хоризонталните шари не останува само во теорија – гледаме поделени силуети кои во двете половини се решени во инаку сосема различни принтови.
Иако трендовите на Prabal Gurung бараат висока доза храброст и дрскост, целокупната визија на силуетите всушност алудира на романтичната и нежна страна на жените.
Фризурите тематски се прибрани цврсто во ниска опашка, за да отворат можност на облеката да зборува сама за себе.
