Во Лондон се отвораaт вратите на првиот 3D ресторан

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Првиот ресторан кој ќе нуди храна произведена со 3D печатач, ќе ги отвори вратите во Лондон утре.3d-printshow-food-520x245

Локалот за јадење ќе биде отворен во рамките на конференцијата “3D Printshow London” и ќе биде достапен само во деновите на настанот, кој ќе се одржи од 21 до 23 мај.

Според организаторите, чија цел е да се фрли светлина врз можностите на технологијата за 3D печатење, мајстор готвач бил поканет да подготви мени од три јадења, кои ќе бидат служени на посетителите во ресторанот. За нивната подготовка ќе бидат искористени само свежи и сезонски производи, а за оние кои сакаат ќе има и презентации за подготовката на јадењата.image (1)

“Гастрономската револуција продолжува не само за да најде нови начини за презентација и подготовка на нашата храна, но и за креативни начини за нејзиното создавање. Од печатење на 3D машини за чоколадо, кои создаваат изработена по нарачка храна за забави, до микроинженерските прехрамбени печатачи, ние полека се насочуваме кон синтеза на цели јадења “, вели во соопштението основачот на настанот Кери Хогарт.3d-printed-restaurant-top.0.0