Станишев во ЕП за Македонија: Не станува збор за тоа кој е на власт, туку како функционира државата

од desk3
90 прегледи

За време на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур лидерот на ПЕС и европратеник Сергеј Станишев зеде учество во дебата за ситуацијата во Македонија.

Image_4777352_126

Во својот говор тој истакна дека од првак во европската интеграција меѓу земјите кои се стремат кон членство во ЕУ, при управувањето на Груевски Македонија се соочува во трајна и длабока политичка криза.

Според него има сериозна загриженост за начинот на функционирање на државните институции, а владата во пракса не успева да покаже почит кон основните демократски вредности и стандарди утврдени во процесот на проширување на ЕУ.

Станишев изрази жалење дека европските институции ја потценија ситуацијата во Македонија во последните години и се случил развојот на авторитарен режим во земја-кандидат за членство.

Според европратеникот, сегашната влада ги користи сите државни служби за своја корист и ги потчини бизнисот, медиумите и судството. “Европската унија не може да ги реши сите внатрешни проблеми на земјата, но треба да ги користи сите можни средства за да помогне граѓаните во нивниот стремеж кон правда и демократија”, рече тој.

Лидерот на европските социјалисти потсети дека во неделата беше присутен на граѓанскиот митинг во Скопје не за да поучува или проповеда, туку за да го чуе гласот на граѓаните. Тој изрази задоволство дека луѓето со различни политички убедувања и етничкото потекло, претставници на граѓанското општество и невладините организации се здружија во барањето за заштита на основните права и слободи, во одбрана на демократијата во земјата и цитираше студент од протестот: ” Не станува збор за тоа кој е на власт и кој – во опозиција, туку за самото функционирање на државата “.