Италијанските дипломати на средба со Заев

од desk3
110 прегледи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претседателата на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска се сретна со директорот за Западен Балкан и Централно-европската иницијатива во ЕУ при Министретсвото за надворешни работи на Италија, Андреа Орицио, придружуван од амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели.

Screenshot_150-685x320

Тема на разговорот беше актуелната политичка криза во земјава и шансите низ дијалог да се дојде до решение.

Претседателот Заев ги информираше италијанските дипломати за разговорите во Стразбур што се обид за воспоставување рамка за можен дијалог.

-Масовниот мирен протест на 17-ти мај и големата поддршка на мирните протести пред Владата, кои имаат надпартиска, граѓанска, мултикултурна димензија ја испраќаат пораката дека решението за оваа криза е преодна Влада и заминување на Никола Груевски. Тоа ќе создаде услови за фер и слободни избори и ќе ги отвори перспективите на Македонија, рече претседателот Заев.

На средбата стана збор и за потребата од задоволување на европските стандарди во критичните области, како што се демократијата и владеењето на правото, важни за натамошната европерспектива на Македонија.

Претседателот Зоран Заев се заблагодари за поддршката што и ја дава Италија на Македонија, преку заложбите на амбасадорот во земјава, Масимо Белели.