ВМРО-НП е за предвремени парламентарни избори- гласање со отпечаток

од desk3
104 прегледи

ВМРО-Народна партија во пресрет на сé поизвесното одржување на предвремени парламентарни избори, како единствен легитимен пат за излез од длабоката политичка криза во Македонија, дава целосна поддршка на ова идеја.

Ljubco-Georgievski

Во услови на крајно сложени состојби, предизвикани од меѓупартиска поделеност до степен на неподносливост, измалтретирани граѓани и дезориентирани неопределени гласачи, сé позаострени меѓуетнички односи, влошена економска состојба предизвикана од кревката безбедносна ситуација и нарушениот углед кај меѓународната заедница, бара итно решавање на кризата.

ВМРО-Народна партија повеќепати досега предлагала измени во Законот за избори, со тоа што Македонија би била една изборна единица, без поставување на квалификациски изборен праг.
На ваков начин, секоја политичка партија би била заинтересирана самостојно да настапува во изборната трка, а притоа да не ја губи својата автентичност како услов за влегување во големи коалиции. Со ова, Собранието на Македонија, ќе стане вистинско место на размена на бројни идеи и политичко филозофски мисли, кои ќе допринесат за демократизација на општеството, што досега застапениот биполарен партиски систем не ги даде очекуваните резултати
ВМРО-Народна партија, поради елиминирање на и најмал сомнеж во регуларноста на одржаните избори и изборните резултати, на претстојните предвремени парламентарни избори, предлага да се примени косовскиот модел за идентификација на гласач. Имено, секој гласач да го потврдува идентитетот со отпечаток на прстот на елекронскиот апарат за идентификација на отпечаток. Со ова операција се оневозможува повторно гласање на било кое место во Македонија.- велат од ВМРО-НП.