Маn, случајно откри 500 тајни сметки

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Едно од даночните засолништа во светот – островот  Ман откри случајно податоци за 500 сметки ,јави  “Дејли мејл”.0,,485261_4,00

Тоа се случило при обид на локалните власти да го промовираат својот нов профил на Твитер. Со пратените  пораки имало информации за 500 сметки.

Во 2014 година Нејџл Фараџ беше обвинет дека се обидел да го користи островот Ман за избегнување на даноци.

Во 2010 година британските власти открија информации за даночните досиеја на 50 000 луѓе.

Кон “даночните оази” на Европа се евидентирани   Ла Манш Островите – Џерси и Грнси, Островот Ман, како и Гибралтар – потчинети на британската круна.

Како британски поданици жителите на  овие острови како што е Гибралтар учествуваат во изборите за Европскиот парламент, но истовремено оваа британска територија се стекна со голем број на привилегии. Регистрираните таму фирми не плаќаат данок на додадена вредност, како што е нормално на останатиот европскиот пазар.