Шефот на администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин – Сергеј Иванов, ги обвини американските и британските медиуми дека започнале процес на дискредитација и составувањето на “црни листи” на противници, пренесоа агенциите.
Во интервју за телевизискиот канал RT Иванов изјави дека “кампањата” против Путин, имала за цел да ја “дискредитира власта во Русија во очите на народот на земјата”.
Според него една од причините за тоа е украинската криза.
На 22 мај медиумите на Путин – Дмитриј Песков соопшти дека во прес-службата на Кремљ се добиени две барања за интервјуа од британско и од американско издание содржани прашања за врските на Путин и неговите соработници со бизнисменот Генадиј Тимченко , вклучен од САД и Канада во списоците со лица кои подлежат на санкции.
Од Кремљ ги негираат информациите за деловните врски на Путин со Тимченко.
