Со пријатели како овие на кого му се потребни непријатели? Така гласи насловот на оригиналната статија во британскиот весник “Експрес” на лидерот на Партијата за независност на Велика Британија / УКИП / Најџел Фараж, посветена на интегрираната политика на Европската унија и односите со Русија.
“Се разбира дека сум станал сведок на пламена природа на ЕУ во однос на експанзиониситчката идеологија. Претежно при пристапувањето во ЕУ на земјите од Југоисточна Европа како Романија и Бугарија кон слободното движење на луѓе”, посочува Фараж.
Според него секој можел да предвиди силна желба на “граѓани, кои често пати се притиснати во сиромашни општества со сомнителна демократичност”, да се преселат на друго место, за да ја искористат можноста да си го подобрат животот.
Според Фараж последиците од тоа биле заметени под тепих во корист на “нереална, наивна паневропски идеологија која не е во интерес на членовите на ЕУ”.
Во неговата статија лидерот на УКИП обрнува сериозно внимание и на односите со Москва. Според него соборувањето на Виктор Јанукович од власт родило параноја кај рускиот претседател Владимир Путин, а резултатот бил демонстрација на сила од страна на Русија и “кражбата на Крим”.
Фараж исто така, истакна дека без да си дава сметка за последиците, ЕУ презела чекори за градење на поблиски односи со поранешните советски сателити, кои според руското размислување се уште “треба да тежат кон Москва”.
Особено тој ги визира односите со земји како Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина и изразува мислење дека секако треба да се очекува Путин да го прифати ова како провокација.
Според лидерот на УКИП не треба да се преземаат активности за да се согледа како намерно се изолира Русија, бидејќи таа е сосед на ЕУ, а според некои таа може да биде стратешки партнер во надворешната политика.
“Последниот пат кога ЕУ флертуваше со интеграција во она што Русија го смета за нејзини територии, резултатот беше граѓанска војна”, пишува тој.
Фараж исто така, истакна дека проширувањето на изгледите за еврочленство на Украина ќе бара промени во договорите што создава клима на пожесток евроскептицизам и претстојниот референдум во Велика Британија може да се покаже како “кутијата на Пандора, која Брисел може да не сака да ја отвора “.
