Само Британци, Ирци, а исто така граѓани од други земји-членки на Комонвелтот на нациите ќе можат да учествуваат на референдумот за излез на Велика Британија од Унијата, соопшти утринава агенција Ројтерс со упатување на соопштението на британската влада.
Според соопштението, сите гласачи треба да имаат наполнети 18 година и да живеат на територијата на Велика Британија и Гибралтар. Освен тоа учество во референдумот ќе можат да земат и Британци,кои живееле не повеќе од 15 година на територии на други држави. “Ова е важна одлука за нашата земја, што влијае на иднината на Обединетото Кралство. Токму затоа мислиме дека е важно одлуката да можат да ја имаат Британци, Ирци и државјани на земјите-членки на Заедницата на нациите “- цитира агенцијата извор од канцеларијата на премиерот Дејвид Камерон.
Премиерот Камерон уште пред да победи на изборите на 7 мај, изјави дека ќе одржи референдум за излез на Велика Британија од ЕУ во 2017 година, но него исклучи тоа да се случи и порано. Тој вети дека ќе го преиспита односот на Британија со ЕУ. Камерон и пред тоа го креваше целиот ред на барања до ЕУ: од обновување на внатрешната миграциска контрола и контрола на исплатата на социјална помош во различни земји (за избегнување на дуплирањето ) до реформирање на системот од придонеси во буџетот на ЕУ. Предлог-законот, врз основа на кој ќе биде одржан референдум, се очекува да биде објавен во четвртокот.
