Сирискиот режим, ослабен од четири години војна, е на пат да се согласи на фактичка поделба на земјата, ограничувајќи ги своите амбиции до една “неопходна Сирија”, сметаат луѓе блиски до власта, дипломати и аналитичари, пишува Франс прес.
Оваа стратегија беше прикажана нагледно од повлекувањето на армијата од централниот град Палмира во четвртокот, по офанзивата лансирана од џихадистичката група “Исламска држава” (ИД).
“Сосема разбирливо е дека сириската армија се повлекува за да ги брани големите градови каде се наоѓа голем дел од населението, кое дел избега од џихадистите од ИД и Фронтот ан Нусра”, сирискиот огранок на Ал Каеда, објаснува за АФП Уада Абед работа, директор на најблискиот до режимот весник “Ал Ватан”.
За него “не треба повеќе сириската армија да се бори само против тероризмот. Светот мора да се позамисли дали создавањето на една или две терористички држави е од корист или не”, додава тој, алудирајќи на најавата од ИД на калифат во преземените од неа соседни области во Сирија и Ирак и за желбата на Фронтот ан Нусра да прогласи “исламски емират” во Северна Сирија.
Од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал Асад во 2011 година земјите во рацете на режимот прогресивно се намалуваат. Владата не гконтролира повеќе од 22% од територијата на Сирија, но таму живее поголемиот дел од населението, според Сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Францускиот географ Фабрис Баланш проценува дека помеѓу 10 и 15% од населението живее во областите кои се во рацете на ИД, 20-25% – во зоните, контролирани од Фронтот ан Нусра и неговите сојузници, од 5 до 10 проценти се под власта на курдската милиција, а меѓу 50 и 60 отсто се во областите контролирани од режимот.
Неизбежна поделба
“Поделбата на Сирија е неизбежна. Режимот сака да хо контролира крајбрежјето, двата града во централниот дел на земјата, Хама и Хомс, и главниот град Дамаск”, тврди сириски политичар близок до владата, кој побарал анонимност. “Црвените линии зацртани од властите, се патиштата Дамаск-Бејрут и Дамаск-Хомс, како и крајбрежјето со градовите како Латакија и Тартус”, додава тој.
Северниот, источниот и јужниот дел на земјата веќе се во рацете на бунтовниците и џихадистите. И, по неуспехот на последната офанзива во февруари за прекин на снабдувањето на бунтовниците во Алепо, армијата зазела главно одбранбени позиции, со исклучок на Каламун, на границата со Либан, но таму на предна линија се борците на либанското шиитско движење Хезболах.
Според предметниот сириски политичар “Армијата е принудена да се бори на премногу фронтови и бунтовниците, и џихадисти сега се обидуваат да ја оштетат и ја напаѓаат на неколку места истовремено”.
“Сириската армија се претворила денес во преторијанска гарда задолжена да се брани режимот”, смета странски дипломат кој го посетува редовно Дамаск. “Што се однесува до претставниците на сириските власти, тие природно се загрижени, но не и очајни, бидејќи се убедени дека Иран и Русија нема да ги напуштат”, вели тој.
Иранска инспирација
Неколку експерти сметаат дека промената на стратегијата била иницирана од Техеран, кој смета дека е подобро да бидат чувани помалку територии, но цврсто.
“Иран упорно ги советува сириските власти да ја прифати реалноста и да ја променат стратегијата и да заштитуваат само стратешките области”, коментира Хајтам Манна, опозиционер ветеран.
Според Арам Нергизјан, експерт за воени прашања во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во САД, “режимот изгледа ја прифатил идејата да обезбеди одбрана на најважно со 175-те илјади луѓе кои располага, вклучувајќи ги армијата, милициите, Хезболах и авганистанските шиитски борци “.
“Во секој случај нема никакви индикации за неодамнешно уривање на режимот, а станува збор претежно за промена на стратегијата. Иако може да изгледаат деморализирани за некои, една помалку напаѓачка стратегија ќе ги зајакне доставувачките линии (на режимот) и ќе обезбеди поголем простор за маневрирање на неговата команда “, коментира Нергизян.
“За да преживее, режимот ќе мора да ги намали своите побарувања и да се фокусира на оската Дамаск-Хомс-крајбрежје”, нагласува исто Тома Пјер, експерт за Сирија.
“Во воен план режимот најверојатно ги задржува своите можности да се одржи долго време на југозападниот дел на земјата, но едно продолжување на поразите би можело да го ослаби одвнатре”, уверува овој научник од Единбургпкиот универзитет.
Според Сирискиот центар за набљудување на човековите права 68 000 војници и борци на поддржанните од Асад милиции се убиени од почетокот на конфликтот во кој загинаа вкупно 220 000 лица.
За Фабрис Баланш “Владата во Дамаск се уште има армијаодржувана од дел од населението. Одиме кон неформално поделба (на Сирија) со фронтот, кој уште може да се лизне.”
САД и Турција се согласија “во принцип” да обезбедат поддршка од воздух на некои сили од главната сириска опозиција, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Ако тоа биде потврдено, ќе значи проширување на учеството на САД во конфликтот, пренесоа агенциите. Засега нема коментар од американски претставници на оваа изјава.
