Научниците од Шпанија и Мексико утврдиле како точно било подготвувано месото на жртвите за време на канибалистички ритуали во античко Мексико, пренесоа агенциите, повикувајќи се на специјализираното списание Archaeometry.
Според изданието бојата на пронајдените од археолозите коски покажува дека во IV век пр. Н. Е. Индијанците го пееле и вареле месото и го посипувакле со чили, анато и други зачини.
Групата шпански и мексикански научници работела со остатоците на 18 лица кои се наоѓаат во Тлателкомила (недалеку од Мексико Сити). Парчињата од черепи и древни коски, датираат од VI-IV век пр. Н.е., биле откриени траги од рани, повреди и од термичка обработка (знаци за канибализам). Далеку поинтересна за научниците бил црвената и жолтата нијанса на коските – овие бои тие ги имаат стекнато пред погребот, утврдиле археолозите.Изучавајки ја структурата, морфологијата и текстурата на коските, експертите ги одвоиле сварените остатоци од изпечените, наведува БТА.
“При варење солите во коските (хидроксилапатити) се раствораат, а колагенот излегува на површината. Коските со црвена боја припаѓале на луѓе, чие месо е препечено: при печење се зголемува температурата на крвта и сокот на месото се впива во горниот слој на коските “, објаснуваат научниците.
Според зборовите на археолозите, жолтата боја на коските се должи на зачините, со кои биле варени: анато, семки од тиква и чили. Мешавина од овие зачини содржи каротиноиди – пигменти со растително потекло.
За да ја проверат хипотезата , научниците свариле говедски коски, а во водата с додале анато (овој зачин и до денес се користи во мексиканската кујна). По реконституција коските стекнале иста боја, како и пронајдените во Тлателкомила.
Научниците истакнуваат дека при обработката на човечко месо во античко Мексико биле користени истите рецепти, како и при готвењето на пченка и на други традиционални јадења. Етничката припадност на групата, на територијата на која се пронајдени коски, засега останува непозната.
