
Стандардната идеја за диктатура е за владата, негувана со насилство. Во тоталитарните системи од 20-тиот век тирани како Сталин, Хитлер и Мао убија милиони во името на бизарни идеологии. Диктаторите како Мобуту Сесе Секо во Заир оставија крвави траги.
Во последните децении, сепак се разви еден нов вид авторитарно управување, што е подобро прилагодена кон ерата на глобалните медиуми, економската меѓузависност и информатичката технологија. “Меките” диктаторите концентрират моќ за да ја потиснат опозицијата и ги отстрануваат пречките за неограничената власт, без да користат речиси никакво насилство.
Овие либерални лидери – Алберто Фухимори во Перу, Владимир Путин во Русија, Виктор Орбан во Унгарија, Реџеп Таип Ердоган во Турција, Махатхир Мохамад во Малезија и Хуго Чавез во Венецуела – се закануваат да го сменат светскиот поредок во своето подобие, заменувајќи ги принципите на слободата и почитувањето на законот – макар и неперфектно поддржани од западните сили – со цинизам и корупција.
Западот треба да разбере како функционираат овие режими и како да се справи со нив.
Сеуште се задржуваат некои крвави или идеолошки режими – како на пример во Сирија и во Северна Кореја – но балансот е променет. Во 1982 година 27 отсто од недемократските земји извршиле масовни убиства. Во 2012 година, сепак ваквите злосторства извршиле само 6 отсто. За истиот период уделот на недемократските земји без избран законодавен орган е намален од 31 на 15 проценти.
Оваа ненадејна промена може да почнала со Ли Куан Ју од Сингапур, кој комбинира парламентарни институции со строга општествена контрола, спорадични политички апсења и чести тужби за да ги потчини медиумите – но освен тоа усвои поволни за бизнисот политички мерки кои помогнаа за еден астрономски економски раст.
Овие нови авторитарни лидери често дошле до власта преку релативно фер избори. Чавез, на пример, ја освои во 1998 година на избори, кои меѓународните набљудувачи рекоа дека се едни од прозрачните во историјата на Венецуела.
Високата јавна поддршка е поевтин пат кон влијанието од теророт. Ердоган ја користи својата популарност, за да го промени уставот со референдум и да ги врзе рацете на турскиот Уставен суд.
Новите автократи користат пропаганда, цензура и други информативни трикови за да го зголемат рејтингот и да ги убедат граѓаните во својата супериорност над останатите достапни алтернативи. Тие проповедаат неодредено неодобрување кон Запад:
Орбан се подбиваа со политичката коректност и со намалената конкурентност на Европа, додека претходно бараше помош за развој од Европската унија.
Кога економиите им оди добро, слични лидери ги преобраќаат на своја страна потенцијални критичари со материјална корист. Во потешки времиња прибегнуваат до цензура. Новите автократи ги поткупуваат сопствениците на медиумите со рекламни договори, се закануваат со тужби за клевета и ги охрабруваат поддржучачките на режимот инвеститори да ги купуваат критични изданија. Тие владеат над интернет и го блокираат пристапот до независни веб-сајтови, вработуваат “тролови,” да ги обвиваат страниците за коментари со спам, во поддршка на режимот и плаќаат на хакери да ги подложуваат на сајбер напади опозициските медиуми -сајтови.
Новите диктатури задржуваат мала демократска опозиција, за да симулираат конкуренција. Изборите докажуваат популарноста на шефот. Во Казахстан претседателот Нурсултан Назарбаев неодамна беше реизбран со 97,7 отсто од гласовите.
Рекламната технологија која беше измислена за продажба на автомобили “Форд” и лименки со “Пепси”, се применува за нови цели. Путин ангажираше влијателна западна компанија за односи со јавноста, “Кечм”, за да лобира за интересите на Кремљ на Запад. Други си обезбедуваат консултантските услуги на поранешни западни лидери – Назарбаев, на пример, му плати на Тони Блер – или прави донации на нивни фондации.
Пред сè, нови авторитарни лидери го користат насилството повремено. Ова е клучната иновација. Хитлер се прослави со ликвидирањето на свои непријатели. Мобуту бесеше противници пред голема публика, а Оди Амин од Уганда ги хранеше крокодили со телата на жртвите. Преземање на одговорност беше дел од стратегијата: тоа ги плашеше граѓаните.
Новите авторитарни лидери не се гнасат од крв – тие можат да подлежат на жестоки репресии врз опонентите или да тепаат со палки невооружени демонстранти. Насилството сепак ја открива вистинската природа на режимот и ги претвора поддржувачите во противници.
Денешните диктаторите внимателно негираат дека се вмешани, кога бидат убиени опозициски активисти или новинари. Да го земеме за пример поранешниот украински претседател Леонид Кучма. Снимката, на кој тој, како што се тврди, наредува киднапирање на новинарот Георгиј Гонгадзе, кој подоцна беше пронајден мртов, придонесе за избувнувањето на Портокаловата револуција од 2004 година, која ги доведе на власт противниците на Кучма.
Притоа насилството не е само скапо – тоа е непотребно. Наместо тоа новите авторитарни лидери ги парализираат политичките противници со бескрајни судски постапки, испрашувања и други правни формалности. Нема потреба да се создаваат маченици, кога може да се декласираат противници, трошејќи го нивното време. Агентите на Путин почнаа бројни тужби против опозицискиот лидер Алексеј Навални: за него беа покренати обвиненија за измама на француска козметичка компанија и кражба на дрва и тој беше испрашуван за убиството на лос.
Западот мора прво да је разгледа сопствената улога во поддршката за овие авторитарни лидери. Лобирањето за диктаторите би требало да се смета за сериозно прекршување на деловната етика.
Неопходно е западните демократии да обезбедуваат објективни вести, емитувани на локалниот јазик, за да се борат со пропагандата и цензурата. И бидејќи базираните на информации диктатури се подложни на притисок на модернизацијата и неизбежните економски проблеми, имаме потреба од трпение.
Освен од пропагандата, граѓаните добиваат информации и преку своите плати – според рускиот израз тие можат да изберат “ТВ или фрижидер”.
* Сергеј Гуриев е професор по економија на Факултетот за политички науки во Париз. Даниел Трејсман е професор по политички науки на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес.