Sharp како еден од најстарите јапонски брендови успешно ја одржува традицијата на квалитетна технологија и во модерното време со нови смартфони меѓу кои е и Sharp Aquos Crystal 2 кој доаѓа како надополнување на bezzel-less концептот со употреба на супер тенка рамка околу екранот.
Телефоните како Aquos Crystal 2 за жал се ограничени само за јапонскиот пазар, но со засилената промоција во последно време и будењето на интересот кај голем број фанови на технологија нема да не изненади доколку Sharp се реши и за интернационален пласман.
