Русија почна “изненадувачка инспекција” на 250 борбени авиони паралелно со вежба на НАТО

од desk3
89 прегледи

Воздухопловните сили на Русија почнаа големи вежби, во кое учествуваат 250 авиони и 12 000 војници, објави ББС, повикувајќи се на Министерството за одбрана. МО ги опишува вежбите како “масовна изненадувачка инспекција”, која цели кон проверка на борбената готовност.

zx450y250_1139445

Вежбите на воздухопловните сили се лансирани на денот, во кој НАТО и неколку земји надвор Алијансата ја почнаа вежбата Arctic Challenge Exercise 2015 над Северна Европа, во просторот кој стана се почестото влез на руски авиони во западниот воздушен простор.

Според извештаите на агенциите “Интерфакс” и ТАСС во проверката на руската воздухопловна група и против-авионски можности на Централниот воен округ учествуваат повеќе од 700 единици воена техника. За време на вежбите руските авиони со широк домет ќе извршат напади со ракети за обука цели во Република Коми.

Дописникот на БиБиСи од Москва објавија дека оваа “проверка” е подготовка за поголеми вежби, познати под името “Центар-2015”, кои ќе се одржат во следните неколку месеци.

Во последниве месеци Кремљ понесе многу критики поради интензивирањето на активностите на армијата во Северна Европа, вклучувајќи и неколку нарушувања на воздушниот простор од воени авиони.

Двонеделната вежба на НАТО во регионот ќе биде базирана во Норвешка, Шведска и Финска, а според податоци на БиБиСи во неа ќе учествуваат 115 авиони и 3600 војници.

Министерствата за одбрана на Норвешка, Шведска, Финска и Данска, како и министерот за надворешни работи на Исланд потпишаа заедничка декларација во април, која ја одредува руската воена агресија како “најголем предизвик во европската безбедност”.