Отвроено писмо на незадоволни основачи, членови и симпатизери на ВМРО-Народна партија. Ви го пренесуваме интегрално:
Сакајќи и ние како членови и симпатизери преку користење на правото да ја известиме пошироката јавност за неодговорното работење на неколку индивидуи, членови на Извршниот комитет на ВМРО-Народна партија, а со тоа да поттикнеме некаква промена и стимул за придвижување на партијата од мртвата точка во која се наоѓа, всушност наидовме на основната пречка за која претседателот на ВМРО-Народна партија г-динот Љубчо Георгиевски одамна зборува, а тоа е медиумскиот мрак.
Пред неколку дена упативме писмо до пошироката јавност но и до претседателот на партијата во кое бараме да се средат внатрепартиските проблеми предизвикани токму од тие неколку индивидуи кои зад превезот на партијата одработуваат за лични интереси. Писмото не го пренесе ниту еден медиум. За што станува збор, можеби страв, дозвола?!
Како планира опозицијата да воведува промени кога медиумскиот аспект стои во место веќе години? Зарем со затскривање на вести, стории, писма или сепак ќе се одважиме и промените ќе ги започнеме токму од нас самите.
Без разлика на игнорантскиот однос на некои медиуми, уште еднш ние членовите и симпатизерите на ВМРО-Народна партија сакаме да укажеме на големиот проблем, кочничарот на сите процеси кои ги предлага ВМРО-Народна партија да се реши со оставка на Извршниот комитет, а со тоа ќе се реши и долгогодишниот проблем со таканаречените “тројански коњи“ во опозициските редови.
Ова го превземаме како чекор само заради интересите на партијата и нејзиното членство бидејќи сакаме искрена, полна со идеи и енергична ВМРО-Народна партија.
Со почит,
Незадоволни основачи, членови и симпатизери
на ВМРО-Народна партија
