Asus подолго време беше фокусиран на Transformer серијата на таблети, но сега ќе се насочи кон средната класа со новиот Asus ZenPad 8 кој се појави прилично неочекувано бидејќи немаше никакви посериозни претходни најави и ќе биде надополнување на претходно откриениот Asus ZenPad 7.

zenpad8

Таблетот Asus ZenPad 8 ќе биде навистина добредојден бидејќи ќе понуди 8 инчен 2K HD дисплеј со резолуција од 1536 x 2048 пиксели, ќе работи на 64 битен Intel Atom процесор со 2 GB RAM, додека пак останатите спецификации се уште не се познати, но сигурно нема да не разочараат за сосема пристојната цена од околу 250 долари. Промоцијата на новите Asus ZenPad таблети ја очекуваме во текот на следниот месец.

Слични содржини