„Мислам дека Европска комисија ќе биде предмет на потсмев на меѓународната заедница ако го задржи истото објаснување за препораката за почеток на преговори во нивниот извештај за напредокот на Македонија“ – изјави поранешниот евроамбасадор во земјава Ерван Фуере во синоќешното издание на „360 степени“ на ТВ Алсат.
„Јас верувам дека е важно пристапните разговори да почнат, но секако не со оваа влада. Мора да биде техничка влада, транзиционен процес, за сите оние во владата што биле вклучени во наводите за нелегални активности и другите практики кои се тотална спротивност од демократскиоте процес. Можеби, механзимот за пристапни преговори ќе помогне да се насочи земјата кон тие реформи. Но, секако, во последните години, оваа препорака не требаше да биде базирана на оваа реченица – земјата ги исполнува политичките критеруми, затоа што тоа не е вистина. Како што реков, има толку многу области во кои владата потфрли, потфрли во нејзината одговорност за реформи“ – вели Фуере.