Силите за специјална реакција, вооружени со тешка артилерија и опрема за ноќно гледање, продолжуваат да водат борби со непознати лица, започнати синоќа во хотел во дипломатскиот кварт на Кабул , Визир Акбал Хан, соопштува локалниот телевизиски канал TOLOnews.

“Доцна во вторникот во реонот на Визир Акбал Хаб беа слушнати силни експлозии. По тричасовните борби меѓу силите за безбедност и терористите, чија бројност не е позната, се анфгажирани силите за специјално реакција, вооружени со тешка артилерија и апарати за ноќно гледање “, соопштува извор од полицијата. Властите немаат информации за целите на терористичкиот напад, но забележуваат дека тие располагаат со митралези и повеќе од 20 рачни гранати. Во нападнатот од непознати вооружени лица хотел “Хиитал”, лоциран во дипломатскиот кварт на Кабул, се сместени главно државјани на Австралија, соопштува Интерфакс. “Безбедносните сили успешно го задржаа нападот на терористите во текот на околу два часа”, изјави менаџерот на хотелот Беџхан Кохестани.