Новиот полски претседател одби средба на Порошенко

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Средбата меѓу новоизбраниот полски претседател Анджеј Дуда и украинскиот колега Петро Порошенко е откажана, пренесоа агенциите. Претходно беше соопштено дека украинскиот претседател ќе се сретне со него исо  веќе поранешниот претседател Бронислав Коморовски во Варшава. Според последните пораки сепак Дуда нема да присуствува како тоа се објаснува поради презафатен распоред – бидејќи тој се уште е европратеник.

430x330 (24)

Претседателот на руската парламентарна Комисија за надворешни односи Алексеј Пушков коментира на  социјалните мрежи , дека оваа одбиена средба е голем удар за Киев. Според него, фактот дека новиот претседател “нема време” за Порошенко  е индикативно како и за него. Полската политика ќе го  смени курсот, сигурен е Пушков.

Кажаното за време на предизборната кампања,  позициите на Дуда носат голем смирувачки  тонови во однос на Русија во споредба со реториката на актуелниот претседател Бронислав Коморовски. Во иднина позицијата на Дуда може да доведе до  ладење на односите меѓу Варшава и Брисел.