ДОМ: Граѓаните очекуваат брзо конституирање на преодна влада со јасен мандат

од Vladimir Zorba
96 прегледи

ДОМ бара брзо решение на политичката криза, за како што велат, да не добие други размери, и да стане регионална и меѓуетничка, а на учесниците во преговорите им порачува да се водат од интересот на граѓаните и на Република Македонија, па да ги стават настрана своите политички агенди и маркетиншки трикови од предизборна кампања.

08052015102724_dom

– Тоа значи фокус на отстранување на причините што ја создадоа кризата, а тоа е начинот на владеење со кој се прекршиле принципите на правната држава, човековите права и слободи. Сето тоа се видe во „бомбите“ на опозицијата, ја потресе јавноста и изнесе илјадници луѓе на улица, на кои не им е важно КОЈ добил власт на изборите, туку ШТО правел со таа власт, се вели во соопштението на ДОМ.

Од ДОМ велат тие граѓани очекуваат брзо конституирање на преодна влада со јасен мандат: контрола над текот на парите, пристап до правдата, пречистување на избирачките списоци и подготовка на регуларни избори.

– На овој начин таа преодна Влада би создала механизми за функционирање на правната држава врз демократски начела и транспарентно владеење. Таа Влада нема мандат ниту за редефинирање на државата, ниту на нашите меѓународни стратешки определби за ЕУ и НАТО, образложува партијата.