Годишната модна ревија на најпопуларниот бренд за долна облека “Викторија сикрет” повторно ќе се одржи во Њујорк, одбележувајќи ја својата 20-та годишнина.
Традицијата за местото на најспектакуларниот настан беше нарушена минатата година, кога модната ревија се одржа во Лондон.
Различни во овогодинешното шоу ќе бидат и многуте нови лица на модната марка, откако претходно оваа година компанијата склучи договори со 10 нови манекенки. Меѓу нив се убавиците Стела Максвел, Кејт Григориева, Марта Хант, Тејлор Хил и други.
Тие ќе се приклучат на искусните манекенки на модната писта на брендот како Адриана Лима, Алесандра Амброзио и Лили Олдриџ.
Од јубилејната претстава ќе отсуствуваат манекенките Даутцен Круз и Карла Клос, кои претходно објавија дека се разделуваат со крилјата на ангелите, за да се фокусираат на други свои обврски.