Група студенти од Рејкјавик направија шампон од урина на крава, соопштија исландски медиуми.
Шампонот, наречен едноставно “Q” со мирис на роза е богат со витамини и наскоро ќе се најде во продавниците. Експерименталната серија била “разграбaна”, а интерес за овој шампон покажале највозрасните купувачи.
Младите студенти почнaле со испитување дали урината на говедата може да се користи и за прашок за перење. Шампонот е произведен во рамките на иницијативата за иновативни истражувања на Универзитетот во Рејкјавик.
На исландскиот пазар се наметна своевиден тренд на понудата на производи со чудни состојки како тестиси на овен, старо месо од ајкула и пиво од брашно од китови.