Секоја недела Кина раѓа по еден милијардер

од Vladimir Zorba
88 прегледи

По еден нов милијардер се појавувал секоја недела во Кина во првиот квартал на 2015 година, покажува извештајот на UBS и PricewaterhouseCoopers.M_Id_232899_China

“Акумулирањето богатство е во подем во Кина, поддржано од силен економски раст и стабилни пазари на капитал. И сето тоа се случува во последните 15 години”, објасни Френсис Лиу, менаџер на UBS Wealth Management. Големите пари стануваат во сферата на недвижниот имот, здравството, технологијата и други кориснички индустрии, вели експертот.

Според податоците во 2014 година во Кина имало 200 милијардери во споредба со 570 во САД.

Постарите генерации ја фокусираат својата филантропија во области како образованието и здравството, додека помладите милијардери – претприемачи се насочени кон социјалните прашања, како на пример поддршка за обесправените заедници.

Милијардерот Џек Ма, коосновач на “Алибаба”, започна добротворна работа минатата година и поддржа различни каузи од животна средина до култура.

Зголемениот број богати Кинези ќе ја претворат Азија во најголемиот центар за нови милијардери. Носителите на богатството во Азија се помлади во споредба со богаташите во други делови на светот. Околу 25% од новите милионери и милијардери во Кина пораснале во сиромаштија во споредба со 8% во САД.

“Ние сме многу оптимисти дека во следните пет до десет години азиските милијардери ќе се повеќе од американските”, изјави Лиу.