Благодарение на гласовите на самите финалисти на Икс фактор, се враќа во шоуто Даниела Вечеринович. Симпатичната учесничка од Хрватска уште за време на аудицијата никого не остави рамнодушен, а за првпат ќе ја чуеме во живо наредната недела во емисијата посветена на темата љубов.
Нејзиниот ментор Масимо по повод враќањето на Даниела изјави: „Многу ми е мило што се враќа Даниела, тоа беше желба на сите нејзини колеги, а и моја. Ќе ја советувам малку да го смири настапот. Кај повеќето изведувачи има проблем бидејќи ендостига некоја компонента, а кај Даниела има сѐ, па нешто треба да се одземе. Но, одземањето е лесно“.
За оние, доколку воопшто има такви, кои не можат да се сетат на Даниела, ги приложуваме нејзините досегашни настапи. А, оние кои не ја имаа слушнато до сега, време е да ја запознаат.
https://www.youtube.com/watch?v=5bN_MLLyNao
https://www.youtube.com/watch?v=tVef-8xZcjg