Потребен е правичен даночен систем, порача универзитетскиот професор Ванчо Узунов на вечерашната дебата во Кампот на слободата пред Владата, на дебатата, која почна почна во 18 часот. Се дискутираше на темата,„Колку малку е премногу? Каква даночна политика генерира повеќе правда?“, а зборуваа професорот Ванчо Узунов, Бојан Богевски, коосновач на либертаријанскиот клуб Атлас, Јасмина Голубовска, активистка на платформата „Ајде“ и Бранимир Јовановиќ, економски истражувач.
„Потребен е правичен даночен систем, да се прекине рамниот данок и да се воведе прогресивно оданочување. Ќе воведеме праведно оданочување, за разлика од неправедното кое сега е на сила. Што е праведно? Идејата на праведност се врзува за тоа дека богатиот плаќа повеќе од сиромашниот. Со оглед дека не заработуваме еднакво, тој што заработува повеќе за заедничките услуги ќе плаќа повеќе. Тоа е праведно оданочување-богатите да плаќаат повеќе. Може да се воведат праведен даноен систем каде најсиромашните нема да плаќаат даноци, рече универзитетскиот професор Ванчо Узунов на вечерашната дебата во Кампот на слободата пред Владата.
