Apple работи на развој на нова апликација која ќе е директен конкурент на гласовниот асистент Google Now. Таа го има тајното име Proactive и се развива од компанијата веќе неколку години, соопштува интернет изданието 9to5mac. Proactive ќе комбинира неколку апликации на iOS, вклучувајќи ги Siri, Contacts, Passbook и Calendar, како и апликации на надворешни програмери.
Асистентот ќе обезбедува информации на корисникот според соодветниот контекст и ќе се согласи со неговите навики. Истовремено Proactive ќе ги почитува и прилагодувањата за приватност на корисникот, па нема да следи и анализира информации за кои корисникот не дал дозвола.
Методот на работа на Proactive е сличен со оној на Spotlight, кој може да прикажува резултати од Wikipedia. Целта е да се намали зависноста на Apple од Google. Proactive ќе го замени Spotlight и ќе е длабоко интегриран во iOS. Ова ќе им овозможи и “растурање” на интерфејсот. Ако на пример корисникот отвора апликацијата на Facebook секое утро во одредено време, копчето за апликацијата ќе се прикажува на видно и погодно место. Во случај да човек секогаш бира ист број во исто време, на пример секој вторник навечер, копчето за таа цел ќе се појави во тоа време. Кога наближува времето за лет, на екранот ќе се прикаже “балонче” со информации за него.
Сето ова ќе ги надградува досегашните можности на апликациите и Siri. Засега останува непознато дали Proactive ќе биде дел од iOS 9. Раководството на компанијата сè уште не е убедено дека проектот ќе биде подготвен навреме за платформата, која ќе биде претставена по околу две недели , но ќе почне да се нуди за потрошувачите дури есента. Постои можност Apple да го одложи претставувањето на Proactive за подоцнежна фаза, а засега да се концентрира на подобрување на квалитетот на веќе достапните функции и услуги во iOS 9.