Пет причини зошто Меркел сака Велика Британија да остане во ЕУ

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Новата влада на конзервативниот премиер Дејвид Камерон ќе поднесе нацрт-законот , кој ќе овозможи до крајот на 2017 година да се одржи референдум за членството на Велика Британија во Европската унија. Во петокот Камерон беше во официјална посета на Берлин, каде што се состана со германската канцеларка Ангела Меркел.На заедничката прес-конференција Меркел рече дека ќе работи конструктивно со Камерон во насока реформирање на ЕУ и на тој начин уште еднаш даде израз на желбата Велика Британија да остане во Унијата.

меркел кам

И двајцата лидери сепак  ги избегнаа прашањата дали промени во договорите на ЕУ се можни пред одржувањето на референдумот. Германската агенција ДПА наведува пет главни причини зошто Меркел  јадржи Велика Британија да остане во Унијата.

1. Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон сакаат да спречат Брисел да добие уште повеќе овластувања. Борбата против бирократијата на ЕУ ги обединува Берлин и Лондон.

2. Ако ЕУ има единствена политика за надворешни работи и безбедносна , тогаш таа нема  да постои без Велика Британија.На крајот Обединетото Кралство е  постојана членка на Советот за безбедност на ОН и поседува нуклеарно оружје.

3.Што се однесува до економската политика, Меркел споделува повеќе општи либерални принципи со Велика Британија, отколку со Франција. Во однос на трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции Меркел има многу заедничко со британските позиции.

4. Ако Велика Британија одлучи да излезе од ЕУ, во скандинавските земји и во Холандија ќе нараснат евроскептичните  расположенија.Оттука може да се очекува и германските евроскептици да бидат мотивирани да станат поактивни.

5. Без Британија европскиот внатрешен пазар ќе стане помал и послаб– проблем за германските претприемачи кои имаат инвестирано во Велика Британија над 120 милијарди евра – двојно повеќе отколку во Франција или Кина.