(ВИДЕО) Монструозната жега во Индија го топи асфалтот, луѓето умираат како муви

од desk3
102 прегледи

Бројот на починатите од огромните горештини во јужна Индија се зголемува со секој изминат ден и достигна 2207 лица, соопшти РИА Новости. Температурите не паѓаат под 40 ° C повеќе од една недела. Според податоците на индиските медиуми, во последните 24 часа во државата Андра Прадеш како резултат на високите температури починале 146 лица, а во државата Теланган- 52 лица. Други 21 лица загинале во државата Одиша, 7- во Гуџарат и 2- во Делхи.

 

Највисока температура е регистрирана во градот Нагпур, државата Махаращра- 47.1 степени целзиусови. Во некои региони се врнат дождови, без да донесат значително олеснување на ситуацијата.

Во земјата најжешките месеци се мај и јуни, па вакво нешто е нормално, но во последниве години се забележуваат се повеќе долги периоди на задржување на високите температури. Овој месец температурите достигнаа 47 ° C.

Погледнете како се одразува тоа на патиштата пред долго очекуваниот дожд да го разлади жешкиот амбиент.