ВМРО-ДПМНЕ му порача на Заев: Готово е!

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Готово е Заев, готово е! Готово е со твоето мрачно и штетно сценарио, јасно ти е тоа и на тебе, а веќе им е јасно дури и на оние луѓе околу тебе кои секојдневно ги лажеш и манипулираш со ветувања за функции и власт, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на која беа објавени нови аудио снимки.

вмро дпмне

„Тоа што ти Заев спадна на дереџе да водиш политичка битка со креирани и сечени материјали во кои главни аргументи ти се паркети, пенџериња, плочки покажува дека ти си очаен политичар без идеја, кој ништо добро не може да понуди за граѓаните и за државата.
Заев, твоите прес конференции се претворија во килава сапунска серија во која воајеризмот е највидлив, а тоа е најдобар доказ дека и ти и раководството на СДСМ знаете дека е готово со креираните материјали. Целокупниот имот на сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ е јавно објавен на транспарентен начини и доследно пријавен во надлежните институции“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, пресот на СДСМ е само начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали на раководството на СДСМ.