Крадец донесе 1 милион долари профит на отсутно семејство

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Крадец ѝ помогна на американска двојка од Сиетл, Вашингтон, да заработи 1 милион долари.car-thief-breaking-into-car-image-courtesy-of-rocky-mountain-tracking_100339360_m1

Благодарение на кражбата двојката го пронашла среќниот билет кој таа привремено го загубила, тврди телевизијата Ен-Би-Си Њуз.

Во автомобилот на двојката влегол крадец, кој ги украл очилата за сонце на мажот, оставени во џебот над возачкото седиште. Токму зад нив лежел среќниот билет, кој сепак бил непознат па затоа не го привлекол вниманието на злосторникот. Така семејството останало без очилата, но со 1 милион долари во џебот.

Сопружниците купиле билет во февруари, но набргу потоа заборавиле каде го ставиле. Благодарение сепак на крадецот тие го пронашле. Билетот им донел добивка од 1 милион долари. Тие ќе ги потрошат за поправка на домот и патувања до Франција и Исланд.