“Сончев импулс 2” прелета над Јапонија вчера вечер

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Авионот “Сончев импулс 2” прелета над Јапонија 24 часа по лансирањето на најамбициозната фаза од патувањето околу светот. Тој тргна од Нанџинг, Кина за Хаваите. Авионот го остварува своето патување, користејќи само соларна енергија.solar-impulse-2-a

62-годишниот швајцарски пилот Андре Боршберг го продолжува своето патување сам кон Хаваи. Ова е прв полн ноќен лет, за време на кој воздухопловот користи во текот на ноќта само акумулирана  енергија од фотонапонски панели од претходниот ден и складирана во батериите.

Овој лет од 8500 километри може да воспостави рекорд за времетраење за единствен пилот на авионот, според организаторите.

За време на летот нема можност за привремено слетување, но во случај на вонредна ситуација пилотот има падобран, мал чамецот за спасување и залихи на производи.

Соларниот авион го започна патувањето околу светот на 9 март 2015 година во Абу Даби. Тој веќе беше во Оман, Индија, Мјанмар и Кина. Сегашното прелетување ќе трае шест деноноќија. По прекин на Хаваите авионот ќе се упати за Феникс и Њујорк. Откако ќе го надмине Атлантикот, авионот ќе запре во Јужна Европа и Северна Африка и ќе се врати во Абу Даби. Вкупната должина на летовите и престојот се очекува да достигне 5 месеци.

Распонот на крилјата на “Сончев импулс 2” е 72 метри, тежината – 2,3 тони. Површината на авионот е покриена со 17 200 фотонапонски елементи кои произведуваат енергија за движењето на електромотор, за другата опрема, и за полнење на батериите, од кои може да се црпи ноќе за летот, но и за греење на пилотот во случај на потреба . Максималната брзина со која се движи, е 140 километри на час.