Идејата за Ден на Македонија се јавува во 1923 година, кога се наполни една година од убиството на војводата поет Љубомир Вецов. Тој загинува на 3 ноември 1922 година во битка со српските четници. Иницијативата за одбележување на овој ден е на македонската студентска корпорација Вардар, која е основана во 1920 година и во чие раководство влегува и Љубомир Вецов. Токму затоа првично во Денот на Македонија се почитува неговото сеќавање и сеќавањето на друг војвода – Илија Кушев, кој исто загинува во битка со српските освојувачи на Македонија, потсетува денеска бугарското електронско издание actuelno.
Откако во првите години се забележува меморијата на овие двајца војводи, од 1927 година, според едногласното решение на сите бегалски организации во Софија се решава Духовден да биде Ден на Македонија – ден во кој се почитува споменот на сите загинати за слободата на Македонија .
Во Софија прославите биле особено големи и се одржувале масовни манифестации со учество до 50 000 луѓе. Тоа било настан што претставувало монолитно единство на бегалските организации, и секоја имала свое знаме. По една долга пауза од 50 години овој ден е подзаборавен потсетува изданието. Во денешно време се забележува само во одделни организации скромно присуство на славеници на денот за Македонија.
