Новите момци кои доживеаја голем успех со последните песни, подготвија нов потенцијален хит. Станува збор за песната која е едноставно насловена „Ана“, а чија музиката е на Бета Хаус и Огнен Шапковски, додека е во продукција на Роберт Билбилов.
Спотот е снимен во Киното Фросина во МКЦ, од страна на Мелем Продукција во режија на Огнен Шапковски. Момците се во улога на сценски работници додека настапуваат згодни девојки.