Трансексуалниот олимписки шампион, претходно познат како Брус Џенер, го открива своето вистинско „јас“ во фотосесија за Венити Фер.
Сопругот на Крис Џенер и очувот на сестрите од кланот Кардашијан, кој во април објави дека го менува полот, се појави во предизвикувачка поза на насловната страница на најновото издание на магазинот, откривајќи го своето ново име – Кејтлин.
„Викајте ме Кејтлин“, пишува на насловната страница со фотографијата од 65-годишниот поранешен спортист, олимписки шампион во декатлон од 1976 година, снимена од познатата фотографка Ени Лејбовиц.
„Брус секогаш мораше да кажува лага, тој секогаш живееше во таа лага. Секој ден, тој секогаш имаше тајна. Од изутрина до вечер. Кејтлин нема никакви тајни“ -рече таа за списанието.
Кејтлин Џенер отвори и свој профил на Twitter кој веќе има 161.000 „следбеници“, а вчера ја напиша својата прва порака којашто за не цел час имаше речиси 44.000 „кликови“. „Толку сум среќна, бидејќи се изборив да живеам под својот вистински идентитет. Добредојде во тој свет Кејтлин, Одвај чекам да ја запознаете неа/мене“, напиша.
