Жените кои носат фармерки, се виновни за земјотресот во Непал и за инфлацијата. Ова го тврди верскиот и политички лидер Маублана Фазлур Рехман. Според него незабулените жени го налутиле Севишниот, пишува изданието newindianexpress.com.

Според пакистанскиот муслимански свештеник “нескромните жени” се виновни за природните катастрофи кои се почесто се слулуваат. Тој дури ги спореди незабулените дами со оружје за масовно уништување.
Рехман е лидер на помалата партија во владејачката во земјата коалиција – Собрание на исламското свештенството. Тој го повика премиерот Мохамад Наваз Шариф да ја подигне војската да интервенираат во борбата против жените кои носат фармерки.