Ердоган побара доживотна казна затвор за уредникот на опозициски весник

од desk3
81 прегледи

Адвокатите на турскиот претседател Таип Ердоган кои ги обвинија уредниците на весникот “Џумхуријет” во шпионажа, побараа ефективна казна доживотен затвор, пренесува “Ројтерс”.

zx450y250_2545966

Минатиот петок весникот објави видео материјал, кој покажува како државната разузнавачка агенција на Турција испрати камиони со оружје на исламистите во Сирија.

Во написот се тврди дека артилериски гранати, ракети и муниција за митралези биле транспортирани во Сирија како медицински материјали. Владата изјави во јануари 2014 година, кога безбедносните сили ги запреа камионите, дека тие пренесувале хуманитарна помош, во согласност со локалните извештаи.

Сега главниот уредник на весникот, кој одамна го критикува Ердоган и владејачката Партија на правдата, Џанг Дјундар се соочува со обвиненија кои вклучуваат “злосторства против владата” и “обезбедување на информации за националната безбедност”.

Откако беа објавени фотографиите, Ердоган се закани дека ќе ги тужи авторите, велејќи:

“Ова е чиста шпионажа, ќе им се побара одговорност и ќе платат за тоа”.

Во барање поднесено до судот, турскиот претседател побарал новинарот Џанг Дјундар да биде казнет со неколку пресуди: една тешка доживотна казна затвор, една доживотна и 42 години затвор. Обвинението против весникот и против неговиот главен уредник е формулирано така: “криминална група; прекршување на правото на тајната; кривично дело против безбедноста на државата; злосторство против владата”. Тужбеното барање било прифатено, но не се соопштува кога ќе биде активирана постапката.

Во исто време турски новинари и медиумски организации протестираа остро против барањето на Ердоган. Комитетот за заштита на новинарите повика турскиот претседател да престане да врши малтретирање врз новинарите со судски постапки и казни .

Во соопштението на ОН за случајот со објавените фотографии, за што соопштија турски медиуми, се вели дека меѓународната организација се залага категорично против испраќањето на оружје за завојуваните групи во Сирија од која и да е земја и под каква и да е форма.

На 7 јуни претстојат парламентарни избори во Турција и Ердоган ја засили кампањата на партијата за религијата и историската меморија на Турците. По устав шефот на државата не треба да се занимава партиска политика, но Ердоган продолжува да држи говори во цела Турција со надеж дека неговата партија на правдата и развојот (АПЦ) ќе добие доволно големо мнозинство на гласови.

Весникот “Џумхуријет” е најстариот опозициски весник во Турција.