Адам Лавињ е меѓу милениците на жените, не само поради својот глас , но и поради својот жежок изглед, рангирајќи се меѓу топ местата на најсексапилните мажи во светот !
Уште еднаш пејачот докажа дека е мајстор во однос на изненадувањата и може да предизвика не само романтични чувства кај женската публика, но и далеку попалави …
Откако во последните видеа Адам се појави во улогата на психопат , а потоа радуваше младенци за време на нивните свадби , ете дојде ред на ново изненадување од Maroon 5 .

Фото: Maroon 5
Станува збор за нивната нова песна “This Summer’s Gonna Hurt Like A Motherfucker” , која освен непристојните зборови во насловот, има и еден многу жежок кадар во почетокот на видеото . Без грам срам Адам ја соблекува бањарка и го покажува својот задник !
Спотот следи како се одвиваат минутите на музичката ѕвезда пред да се качи на сцената, додека е на неа и по крајот на концертот. Голата сцена во почетокот на песната е единствената таква, но дефинитивно остава силен впечаток !