И Молдавија не е мирна со руското малцинство, тензии Кишињев-Москва

од desk3
117 прегледи

Во северниот дел на Молдавија ќе се одржи референдум за поголема автономија.

Овој развој неверојатно личи на други политички настани кои непријатно ја потресоа Европа. Тензијата зрее и меѓу Москва и Кишињев.

0595761001384164753_476489_600x458_actualno

Уште оваа година / на 1 ноември / граѓаните на вториот по големина град молдавски Балци ќе учествуваат во референдум за поголема автономија. Одлуката беше донесена од градските власти, доминирана во три четвртини од претставници на проруската комунистичка партија. Во најголем дел населението на Балци е руско.

Објавениот референдум во Балци има неверојатна сличност со претходните случувања во Република Молдавија. Во февруари 2014 година населението на автономната покраина Гагаузија гласаше со големо мнозинство / 98,4% / за создавањето на царинска унија со Русија. Т.н. референдум тогаш беше остро осуден од централната влада на Молдавија. Според уставот на земјата, единствено властите во Кишињев можат да нудат и одржуваат локални референдуми. Но град Балци одамна ја игнорира молдавската централна влада. Уште во пролетта на 2012 година градските власти го сменија официјалното молдавско национално знаме / сино-жолто-црвено / со свое знаме во црвено и сино. Своевремено обвинителството започна истрага, што сепак не е завршена и до денес.

Молдавскиот премиер Кирил Габурич првично реагираше спокојно на обелоденетиот референдум во Балци: “Луѓето имаат право да дејствуваат, како што им одговара”, рече тој, но малку подоцна додаде дека судските власти ќе ја испита законитоста на оваа локална иницијатива. Претседателот на молдавскиот парламент Андриј Канду реагираше доста остро. Тој ја опиша иницијативата на градскиот совет во Балци како “опасност за единството на државата”. Политикологот Дионис Кенуса го дели ова мислење: “Ова е чист примерок за провокација против единството на државата. Овие сепаратистички тенденции сведочат за слабоста на молдавската влада”, смета тој.

Директните односи меѓу Кишинев и Москва се исто така натоварени со тензија. Во мај Москва ги одби влезните визи на 20 молдавски државјани кои работат како гастарбајтери во Русија. Руските власти екстрадираа назад во нивната татковина други 11 Молдавци, без да наведат конкретни причини. Молдавски невладини организации тврдат дека Русија сака да ја “казни” Молдавија поради потпишаниот договор за асоцијација со ЕУ. Заедно со внесените забрани за увоз на молдавски стоки , екстрадицијата на молдавските гастарбајтери е тежок удар за економијата на земјата. Според официјалните податоци, во Русија работат 400 000 молдавски државјани, а во цела Европа тие се над еден милион. Во минатата година дознаките на молдавските граѓани од Руската Федерација се сочинуваат 60 проценти од сите трансакции од странство – цели 1,5 милијарди евра.

Поради “изманипулирани информации” за украинскиот конфликт, Советот за медиумски надзор во Кишињев ја одзеде лиценцата на руската телевизија “Rossia 24” и казни со високи парични казни други руски телевизиски канали. Политичките спорови меѓу Молдавија и Русија исто така се зголемуваат. Минатата недела амбасадорот на Молдавија беше повикан во Министерството за надворешни работи на Русија. Москва е лута, бидејќи Молдавија го забрани преминот на руски војници во сепаратистичкиот регион на Трансдњестар, каде се распоредени 2 000 руски војници. На 29 мај на аеродромот во Кишињев беше уапсен офицер од Донецкиот регион, кој сам објаснувал дека тргнал да врбува волонтери во Транснистрија.
Задачата на овие доброволци потоа требало да се состои во тоа да создадат вештачки тензии во пристанишниот град Одеса, се наведува во соопштението на молдавските тајни служби. Шефот на украинската гранична служба Виктор Назаренко потврди дека по источната граница на Република Молдавија, во секторот помеѓу Транснистрија и Украина, постои зголемена опасност од воени дејствија. Безбедноста е влошена нагло, се вели уште во соопштението на Назаренко.

Многу Молдавци се прашуваат дали воопшто би можеле да се потпираат на премногу нејасните ветувања за помош од страна на ЕУ. Последниот политички развој на Самитот во Рига, исто не ги растера нивните сомнежи. Зголемената конфронтација меѓу Русија и ЕУ очигледно постепено истиснува на заден план фаленото “Источно партнерство” – за огромна жал на оние политичките сили во Молдавија, кои продолжуваат да се држат на проевропскиот курс на земјата.