(ВИДЕО) Петмина загинати при несреќа на мал авион во Мексико

од desk3
82 прегледи

Пет лица загинаа во Мексико во несреќа на мал авион на автопат меѓу Мексико сити и Керетаро, пренесува ABC News.

Авионот се урна во автопатот во близина на Керетаро. Загинати се пилотот, помошникот и тројца патници.

Првичната верзија за инцидентот е дека пилотот се обидел да слета принудно на автопатот, но изгубил контрола.

На местото на несреќата работат спасувачки екипи и пожарникари. Движењето е суспендирано и во двете насоки.