Пресконференцијата на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин заврши скандалозно откако жена се провикна – “тој е убиец”, објавија светските агенции.
Жената веднаш беше изведена од стражарите. Други извикуваа “долу военото управување”, додека поддржувачите на Сиси викаа “да живее Египет” пред двајцата лидери да излезат од салата.
Еден од новинарите вербалного нападнат Сиси по прес-конференцијата. Таа побара да постави прашање, но и беше одбиено. Потоа новинарот почна да скандира “нацист”.
За време на прес-конференцијата Меркел изјави дека Германија и Египет имаат разлики, особено по прашањето за смртната казна, но можат да си соработуваат во области со взаемен интерес.
Меркел исто така, рече дека Египет е клучен стратешки партнер на Блискиот Исток, и ја пофали улогата на земјата во борбата против “Исламска држава” и во мировниот процес во регионот.
Германија ќе стори сé Египет да се задржи како стабилна нација со силна економија , појасни таа.
Пред тоа Сиси се состана со германскиот претседател Јоаким Гаук. Претседателот на Египет патува со група бизнис претставници.