ВМРО-НП: Никола Тодоров веднаш да споднесе оставка

од desk3
106 прегледи

vmro-np1
„Врз основа на одолговлекувањето за донесување на одлука за именување на втор директор на Клиничкиот центар во Тетово, а согласно Законот во кој се вели дека клиничкиот центар мора да има двајца директори и од причина што Тетово е мултиетничка општина па се подразбира дека именуваниот втор директор би требало да биде македонец, Општинскиот Комитет на ВМРО-Народна партија – Тетово бара Министерот за здравство Никола Тодоров да си поднесе оставка“ стои во денешното соопштение од ВМРО- Народна партија.

Општинскиот Комитет на ВМРО-Народна партија уште пред една година алудираше и реагираше на односот на Министерот Тодоров за ветувањето кое го дал заедно со Општинскиот комитет на ДПМНЕ за време на предизборната кампања. Од тогаш до денеска Никола Тодоров само ја потврди нашата констатација дека македонците од Тетово се всушност граѓани од втор ред.
Воедно апелираме до ДПМНЕ – Тетово да престане со манипулациите и барем еднаш да застане зад граѓаните на Тетово бидејќи секогаш пазарот се прави врз грбот на македонците од Тетово и тетовскиот регион.