Батели: Конструктивниот улога на ДУИ е пример за земјата и регионот

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Претседателот Ахмети продолжи со тесната дневна агенда со денешната средба во Скопје со Специјалните претставници на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа г-дин Роберто Батели и Андреас Нотеле, специјален претставник на ОБСЕ во Виена.

дуи8

Г-дин Батели високо ја оцени улогата на г-дин Ахмети и ДУИ велејќи дека треба јасно да се спомене вистината дека конструктивната улога на ДУИ со години за соработка и дијалог, треба да се земе за пример не само во државата туку и во регионот.

Претседателот Ахмети изрази благодарност за ова искрено овластување како и за соработката на ОБСЕ, вклучувајќи ја и улогата на организацијата во надминување на тешката состојба во Куманово.Г-дин Ахмети зборуваше околу ставовите на ДУИ за актуелната политичка криза во земјата потврдувајќи ја поддршката за компромисот постигнат на 2 јуни во Скопје кој претставува добра основа за решавање на ситуацијата Ахмети ги повика сите страни кои го поддржаа договорот да ги продолжат конструктивните напори кон успешна реализација бидејќи стабилноста и безбедноста на нашата земја се заедничка одговорност.Спроведувањето на договорот исто така ја враќа на нашата земја во приоритетната агенда и овозможува политичките партии да ја фокусираат својата енергија кон остварување на очекувањата на граѓаните, се вели во соопштението.