Јапонски производители планираат да вклучат тоалети во лифтовите во случај дека некој да се заглави во нив.
“Решивме да ја погледнеме оваа мерка за да ја подобриме безбедноста во случај на опасност во лифтовите”, изјави Такеши Мијат, претставник на Здружението на јапонските производители на лифтови.
До дискусија за оваа мерка се дојде откако илјадници жители останале заглавени во лифтови по повторниот голем земјотрес со интензитет од 7,8 во Јапонија. Според зборовите на експертите може да го има овој специфичен “луксуз” во лифтови во случај на несреќи и природни катастрофи.
Подвижните тоалети се дел од “опремата за опстанок”, која Јапонците ја имаат во случај да треба итно да ги напуштат своите домови. За инсталирање на тоалетот може да се користат картонски структури на расклопување со водоотпорни кеси или материјал кој ја апсорбира течноста. Во некои од неодамна изградените лифтови има места за седење, кои се направени, поради стареењето на населението. Така тоалетите можат да бидат инсталирани под овие седишта.
Во Јапонија има 700 000 лифтови, од кои 150 000 во Токио. При последниот земјотрес пред неколку дена во Јапонија околу 19 000 лифтови биле блокирани. Пресметките на експертите покажуваат дека при земјотрес околу 17 000 Јапонци остануваат блокирани меѓу катови.