Синди Крафорд и сопругот Ренди Гербер, го објавија во продажба семејниот дом во Малибу.
Супермоделот и нејзиниот маж сакаат 15,5 милиони долари за неговата убава куќа, која се наоѓа сосема блиску до плажа.
Сопружниците купија куќа која нуди одличен поглед кон океанот, пред неколку години, за сума од 6 милиони долари. Двајцата гореновираа имотот и сега се надеваат дека ќе добијат доста пари од неговата продажба.
Самата куќа е изградена во 1958 година. Во близина вили имаат ѕвезди како Џулија Робертс и Кени Џи , како и штотуку разведениот пар – Гвинет Палтроу и Крис Мартин .
Разгледајте ја куќата на Синди и Ренди во галеријата.








