Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со грчкиот амбасадор во земјава Харис Лалакос. Како што соопштуваат од партијата, на средбата станало збор за билатералните односи меѓу Скопје и Атина, спорот за името, евроатланската интеграција, како и политичките процеси во земјата.
Претседателот на партијата изрази поддршка за постигнување мерки на доверба меѓу Атина и Скопје и оти ова е најдобриот начин да се воспостават добрососедски односи и да се надминат разликите.Во врска со актуелната политичка криза во земјата, како и со постигнатиот договор на 2 јуни со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан, Ахмети апелира до политичките лидери во земјата и меѓународната заедница за да се направат максимални напори овој договор да има успех бидејќи, како што наведуваат во соопштението, ние носиме одговорност за стабилноста и безбедноста на земјата.
