Соопштение на коалицијата „Граѓаните за Македонија”:
Коалицијата „Граѓаните за Македонија” го поддржува и се приклучува на протестот „Правда за Мартин – Нема правда, нема мир!”, затоа што, и после четири години од убиството на Мартин Нешковски, власта и надлежените институции упорно ја прикриваат вистината и не ја признаваат сопствената вина и одговорност за неговата смрт.Ги повикуваме сите граѓани и граѓанки, в сабота, на 6 јуни, во 18 часот, масовно да излеземе пред Владата на РМ и громогласно да порачаме дека Македонија мора да стане држава во која ќе има правда за сите и во која ќе се почитуваат и штитат основните човекови слободи и права.
