Ако некогаш ви се сакало да избегате од градската бучава и да уживате во природната убавина во некое оддалечено катче, каде и да е во светот – тоа сега имате реална шанса да го направите.
Плус е дека нема да има потреба да се прашувате каде да останете или пак колку пари за сметки ќе треба да дадете за време на своето “бегство”.
Словачката архитектонска компанија Nice Architects размислувала за сè. Таа има воспоставено вистинска екобижу или кажано на друг начин – мал дом, кој ќе ви овозможи да живеете каде сакате, без да се грижите дали таму има струја или вода.
Минијатурниот дом е опремен со соларни панели, ветерни турбини, како и дизајн, кој ја собира дождовницата. Екобижуто располага освен со атрактивен изглед и со кујна, тоалет и туш.
Според архитектите екокапсулата има “широк спектар на апликации”. Таа може да послужи како независна истражувачка станица, туристичка колиба или дури како хуманитарно живеалиште.
Екодомовите сè уште не се продаваат, но барања за купување ќе се прават на крајот на оваа година. Првите испораки на екокапсулите ќе се извршат до средината на 2016 година.
Во нашата галерија може да го разгледате спектакуларниот проект на Nice Architects.







