1.000 евра за килограм српско сирење oд магарешко млеко

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Ако сте клиент, кој е подготвен да даде 1.000 евра за килограм сирење, можете да изберете српско сирење од магарешка млеко, нарекувано Пулен, пренесе “Дејли Меил”. Изданието прецизира дека скапиот производ може да биде најден само во српскиот природен резерват Задавица.article-2230677-15F0D12C000005DC-444_634x423

Слободан Симиќ произведува сирење од хергеле од 140 магариња, само 12 од кои даваат млеко во секое време. Тој вели: “Она што го прави толку исклучително е дека само ние во светот сме во можност да обезбедиме магарешко сирење”. Според некои експерти магарешкото млеко носи медицински бенефиции на потрошувачите, бидејќи е слично по состав на мајчиното млеко. Освен тоа содржи и хипоалергична состојка, со мал процент на масти е, но пак содржи 60 пати повеќе витамин Ц од крајо млеко.pule-cheese

Причината сирењето да е толку скапо е во тоа дека тоа е многу ретко, а пак неговото производство е инзвонредно скапо. Еден литар магарешко млеко чини 40 евра, а за производство на 1 кг. сирење се потребни околу 25 литри млеко.