Џејсон Стејтам си купи нова куќа во Холивуд, која ќе му е трета по ред. Британскиот актер, кој се претвори во успешна акциона ѕвезда во Холивуд, се здобил со нова палата во Беверли Хилс, само еден месец откако си купи куќа во Холивуд Хилс, Калифорнија за сума од 2,7 милиони долари.
Најновата фантастична куќа на Џејсон чини 13 милиони и е решена во супермодерен дизајн..
Се очекува 47-годишниот Стејтам да се пресели да живее во една од двете куќи со 27-годишната партнерка Роузи Хантингтон-Вајтли. Многу е можно во втората куќа ѕвездата да смести членови на семејството или пак да ја купува како инвестиција.
И двата имоти имаат добро уредени дворови и базени. Инаку Џејсон и Роузи живеат во Лос Анџелес веќе пет години, а во 2011-та го купија поранешниот дом на Бен Стилер.
Види фотографии од двете нови куќи на ѕвездата во галеријата.
