Денеска пред влада :„Правда за Мартин-Нема правда, нема мир“!

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“, денеска, во Кампот на слободата пред Влада, ќе одржи прес-конференција, со почеток во 12.30 часот.neskovski-620x400

Активистите Уранија Пировска, Бојан Маричиќ и Петрит Сарачини ќе зборуваат за денешниот голем граѓански протест „Правда за Мартин – Нема правда, нема мир!“, кој ќе започне во 18 часот, пред Владата.

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ се приклучува и го поддржува протестот, затоа што, и после четири години од убиството на Мартин Нешковски, власта и надлежените институции упорно ја прикриваат вистината и не ја признаваат сопствената вина и  одговорност за неговата смрт.